Featured

Гушни ме оживеј ми ја душата!

,, Гушни ме за крај…
Гушни ме да преболам
гушни ме сега кога сум ти ништо
за да се сетиш тогаш кога ти бев нешто…
Гушни ме за крај
оживеј ми ја душата”…
Тоа беа последните зборови од неа…
Човек кога ќе изгуби некој сфаќа колку му значел.
А сега за мој инат биди среќна.
Кога и да ме видиш сврти ја главата
мене да ме боли,
а не тебе.
Кога ќе го бакнуваш мисли на него,
а не на мене.
Фати го за рака кога и да ме видиш.
Што и да правиш со него мисли на него,
а не на мене.
Кога ќе ме видиш додека си со него,
изглуми дека не ме познаваш.
Јас те повредив…
сега од инат биди најсреќна.
Бакни го пред мене
за да знам дека среќата со тебе
на друг сум ја препуштил,
за да знам дека се сум изгубил.

Недосонуван сон


„Заминувам наскоро.“
Ми шепна како педупредување
за да ти останам далечна,
расплакана и искршена.
Ме остави сама
со солзи на на празна перница.
Со изладено кафе на масата,
со полуизгорена цигара
и нема тишина.
Ме остави сама да се давам
во горчлива прашина
која ќе ме присетува на една избезумена ноќ
и едни тапи чекори
кои талкаа низ улиците
во потрага по уште една скршена душа,
како мојата, распарчена,
изопачена.
А јас ќе затворев очи и си велев :
,,Ќе заборавам,
ќе поминам ноќ ил две во солзи,
ќе преплачам,
ќе преболам”.
Си велев:
,,Ќе заздравам,
срце со солзи ќе излечам
и можеби повторно ќе засакам”.
Ама само лажно се надевав,
ниту се излечив,
ниту те преболив,
ниту те заборавив.
Ми остана НЕДОСОНУВАН СОН,
заборавен,
на полу оставен,
непреболен.
Ми остана сон
кој го сонував со расплаканк очи
и раскрвавени усни.
Ми остана сон кој наутро испарува
заедно со твојот парфем на празна перница.

Убавината на месечината

Месечината е посебено убава вечерва.
Знаеш на што ме потсетува?
Ме потсетува на тоа колку силно те сакав порано,
а сега бескрајно тагувам
Знаеш…
На полноќ понекогаш во паника ги уништувам соновите и имам несоници, чувствувам немир, исткаен од вулканот на копнежот.
Се уште незгаснат.
Се уште чувствувам дека очајно ми требаш како што на земјата и треба дожд или прстите на клавирот, а на музиката и треба глас.
Ми требаш, и чувствувајќи се вака беспомошна, сакам да врескам, но молчам, бидејќи не сум сигурна како безгласно да го направам тоа.
Не ми пречи.
Единствена желба ми е ти да спиеш мирно.
Да распостелеш соништа на постела.
Спиј и сонувај во ноќите и за мене,
измиј се во мир додема мислам на тебе.
Не дозволувај утрото да ти носи тага како и на мене.
Не дозволувај во зората копнежите како казна со солзи да ги исплаќаш
Не дозволувај никогаш разумот да ти го победи срцето како моето.
Остави ме мене преку ден да те проколнувам,
а во ноќите да те посакувам.
Не грижи се за мене.
Јас одамна се навикнав да љубам за двајцата
пред солзите да тропнат на врата како гревови за наплата.

Јас и тој…

Јас и тој.
Ветер и магла.
Совршено ништо.
Тој ист како ветерот брз и студен,
а јас како магла , типична
ненадејна и прекрасна. 
Дојде така бргу го посиви моето белило,
поради него јас се изгубив себеси.
Со него осетив како е да не постоиш во себе си.
Осетив како е да не можеш да пронајдеш дом во сопствената кожа
и помеѓу празнините на своите коски..
Благодарение на него станав странец во сопственото тело.
Како секој милиметар од него да ме притиска,
преладно е во него,
како да не е мое повеќе,
како да е туѓо,
како да му припаѓа нему
и со секој здив откривам колку всушност не дишам.
Се изгубив себе си.
Потонав во сивило.
Ме обзеде бунило.
Целосно.
Без траги.
Без глас.
Тивко без глас.

За авторката

Текстовите и содржината на овој блог е во сопственост на авторката која твори под псевдоним. Пишува и твори уште од најмала возраст, а активно започнува со пишување во средношколските денови. Во еден тежок период од нејзиниот живот целосно се фокусира на пишувањето, сметајќи дека само на тој начин може да си помогне на себе си, да ја ослободи душата, разумот и да се соочи со сите предизвици што ги носат годините и животот. Нејзината инспирација се животните лекции и искуства, а најчесто желбата за пишување се јавува кога имам потреба да разговара со некого, но за тоа нема храброст или прилика, исто така во доцните часови кога се чувствува тажна, па на тој начин ја остава душата да се ослободи. Често и се случува да добие природен нагон во ниедно време од ноќта и да седне да пишувам. Инспирација добива од се што ја опкружува, кога чита книга, кога пие кафе, додека слуша музика или кога сведочи на некои случувања со кои се соживеала. Инаку има 20 години, исто така твори на хрватски и српски јазик. Содржината на блогот е целосно автобиографска, така што забрането е секакво копирање, превземање или објавување на содржините од блогот без претходно одобрение на авторката!

Чаша со вино

Ја креваш ли чашата со вино понекогаш за нас?

Ја нарачуваш ли се уште во кафана нашата песна стара?

Наздравуваш ли понекогаш за љубовта што ја изгубивме и шансите што залудно ги прокоцкавме?

Ги прелистуваш ли во ноќите албумите со наши слики во телефонот?

Се навикна ли на местата од спомени да чувствуваш празнини?

Имаш ли спокој и неостварени сни?

Проголтуваш ли спомени?

Ги еволуцираш ли нашите години низ солзи?

Те печат?

Те болат?

Мене ме болат.

И годините и спомените и душата.

А најмногу ме боли што за мојата почна чаша со вино ти си причината…

Знаеше ли?

Утра со мирис на спомени

Има утра во кои безброј пати сум се запрашала од каде така ненадејно ме напаѓаат спомените кога најмалку очекувам? Кога најмалку сакам да се сеќавам на твојот лик. Има утра во кои дури и изгрејсонцето ми го вреска твоето име, како секој атом од атмосферата да ме притиска и да ми го плеска во лице твоето отсуство. Има утра кога и потклекнувам на болката и се прашувам оздравев ли некогаш од тебе јас? Во тие утра има една треска што ме тресе при секое сеќавање на тебе, додека го пијам утринското кафе секое утро молници ме полазуваат по телото од помислата дека се уште го љубам човекот кои ги сруши сите мои соништа, ми ги згасна желбите, душата ми ја изгоре, немаше срце па и моето го распарчи, го уништи, а јас му дозволував. Секогаш тој беше мојата слаба точка, како Ахиловата пета тој беше мојата најранлива страна. Секогаш потклекнував на него, наивно, детски, заљубено во секој збор што од неговата усна ќе излезеше верував и свесно си дозволив од бол да ми стане непребол. Сега доцна е за назад, сега секој ќе се бори со својата тежина, сега дојде време секој да потоне во својата темнина.

Парчиња туѓа кожа

Ти велат не си заминувај – одговараш никогаш и сакаш да веруваш во тоа. Сакаш да веруваш во ветувања кои нешто значат, сакаш да го гледаш светот од поинаква перспектива од онаа вообичаената, па гушкаш додека можеш, сакаш посилно од што си верувал дека можеш, се смееш додека играш на дождот и додека трчаш во нечија прегратка.
Со полни гради дишеш, сакаш, градиш спомени чиј рок на траење не го гледаш, се смееш и во денови кога се распаѓаш барајќи ја смислата на постоењето во нечии очи кои истовремено те кршат и ти даваат сила.
И одеднаш се губи смислата на се и животот од сладок сон се претвара во горк кошмар.
Тој заминува без да чуеш и без да имаш шанса да го прегрнеш уште еднаш, си заминува без да му кажеш колку ти значи, без да заплачеш затоа што ни за солзи немаш време. И ништо не ти преостанува освен да учиш да дишеш и да продолжиш да живееш полека, тивко, без зборови во тишина. Почнуваш да се рушиш во сопственото непостоење, бидејќи кога тој заминал однел и дел од тебе со себе.
Ги понел со себе и парчињата туѓа душа.
Зел дел од твојата.
Зел дел со себе што засекогаш ќе недостасува во тебе.
Без тој дел никогаш повторно нема да се имаш себе.
Отворил празнина во тебе што никогаш нема да се пополни.
Ете понекогаш незнам што боли повеќе, да немаш дел од себе
или да имаш дел од некого што во едно време ти бил СЕ?

Животни судбини

Не е повеќе истата после мене. Се променила. Искуствата ја промениле. Верувањата. Ветувањата. Ја преживеала таа промена. Додала бои таму каде што немало. Одеднаш, рацете почнувале да и се треперат. Срцето да чука побрзо. Велат дека чувството на вознемиреност во градите и се зголемило и константно пати од несоница.Скапо ја платила цената на таа промена.Понекогаш за преживување ги блокираш спомените, а понекогаш тие слики на ужас те будат среде ноќ затоа што се си видел, се на своја кожа си доживеал, сведок си на се. И тогаш мозокот блокира. Срцето полудува.Забрзано работи. Премногу грижи и товар во себе носи.Не засакала после мене повеќе.Не може повеќе.Понекогаш се прашувам како успеалеала на прво место да излезе од животната депресија што ли беше нејзината желба за борба да преживее? Тогаш сфаќам дека гадно ја уништив…Незнам дали не сакам или не можам да објаснам зошто ја напуштив. Ја напуштив кога и бев најпотребен. Ја оставив сама во ова мрачно време.Се мразам себе си што ја излажав дека ја мразам. Се мразам себе си што секогаш и додавав сол на раните кои штотуку и зараснале.нЈа пуштив да замине, не и реков ни да остане, не и се ни извинив ниту и ветив дека се што срушив ќе се обидам да се поправи.Сфатив колку вреди откако ја изгубив.Кога би можела тишината да зборува. Полесно ќе ми биде така. Да не морам јас да ги изговарам зборовите. Кога би можела да читаш од погледот. А можеби и можеш. Нели очите никогаш не лажат. Но, треба да посака да ја разбере тишината и да го прочита погледот. А би сакала ли, после се што и направив? Би ми простила ли? Да, точно е. Има многу работи што би сакал да и ти кажам, но зборовите не ми излегуваат од уста.И на хартија не излегуваат. Можам само да кажам: „Дај ми шанса. Сакам шанса. Вистинска шанса. И должам да и кажам подај ми рака, дојди со мене.”‘„сè ќе биде во ред и должам на таа жена да ја фатам за рака и да ја однесам некаде далеку, само кога би ми простила. Признавам, премногу и згрешив, целосно ја уништив, од корен ја променив, камен ладна ја сторив, се поради зборовите неискажани, писмата неиспратени.Некои шанси никогаш не се искористени, некои луѓе остануваат засекогаш разделени можеби сега така ќе биде и со нас!

Сеќавања избледени како чад од цигара

Јасно пред очи ми прелетуваат сликите
од една ладна вечер со арома на цигари.
Вечер со помешани мириси.
Од една страна таа вечер мирисаше на него.
Од друга страна мирисаше на неговиот дим од цигарите.
Се сменил.
Ми рекоа дека се сменил.
А јас го прашав поради кого се сменил?
Зеде цигара,
ја запали, го испушти првиот дим низ усните
и ми одговори со тивок глас:
“Поради жената која ме сакаше
после сите мои грешки,
која се бореше за нас,
која ја повредував на секој можен начин,
и ја оставав во ноќите да плаче за мене.
И знаеш без разлика на тоа колку пати ја имав повредено
секогаш нова шанса ми даваше, мислеше ќе се сменам,
мислеше ќе оди на подобро но не…
јас уште повеќе ја повредував,
а таа не престануваше да ми ги простува
сите грешки дури и оние кои не требаше
и секогаш со раширени раце
во прегратка ме дочекуваше.
Ме сакаше,
а јас будала,
ја изморив,
ја уништив,
срцето камен и го сторив.”
Зема дим и го издиши толку силно
како да сакаше сета болка
да замине со тој дим.
“ Две- три солзи ми капнаа од очите.
Јас бев жената која толку многу го сакаше.
Го сакав тој човек повеќе и од себе.
Ме научи да сакам искрено.
Ме научи да се смеам
и покрај се што ми носи денот.
Ме научи да се борам
Ме научи и да грешам.
Тие грешки минатото и спомените ме уништија.
Душата ми ја зацрнија.
Размислив дека е добро да биде со друга.
Заминав.
Го оставив.
Го напуштив, а го сакав.
Но срцето неможеше повеќе таа болка да ја издржи.
Понекогаш љубота не е доволна.
Сега цел живот ќе го сакам оддалеку,
ќе се сеќавам на него секогаш кога ќе видам како гори цигара.
Ја угаси цигарата и си замина.
И останавме кроз димот од цигарата
Тој осамен.
Јас распарчена.