Гушни ме оживеј ми ја душата!

,, Гушни ме за крај…
Гушни ме да преболам
гушни ме сега кога сум ти ништо
за да се сетиш тогаш кога ти бев нешто…
Гушни ме за крај
оживеј ми ја душата”…
Тоа беа последните зборови од неа…
Човек кога ќе изгуби некој сфаќа колку му значел.
А сега за мој инат биди среќна.
Кога и да ме видиш сврти ја главата
мене да ме боли,
а не тебе.
Кога ќе го бакнуваш мисли на него,
а не на мене.
Фати го за рака кога и да ме видиш.
Што и да правиш со него мисли на него,
а не на мене.
Кога ќе ме видиш додека си со него,
изглуми дека не ме познаваш.
Јас те повредив…
сега од инат биди најсреќна.
Бакни го пред мене
за да знам дека среќата со тебе
на друг сум ја препуштил,
за да знам дека се сум изгубил.

Убавината на месечината

Месечината е посебено убава вечерва.
Знаеш на што ме потсетува?
Ме потсетува на тоа колку силно те сакав порано,
а сега бескрајно тагувам
Знаеш…
На полноќ понекогаш во паника ги уништувам соновите и имам несоници, чувствувам немир, исткаен од вулканот на копнежот.
Се уште незгаснат.
Се уште чувствувам дека очајно ми требаш како што на земјата и треба дожд или прстите на клавирот, а на музиката и треба глас.
Ми требаш, и чувствувајќи се вака беспомошна, сакам да врескам, но молчам, бидејќи не сум сигурна како безгласно да го направам тоа.
Не ми пречи.
Единствена желба ми е ти да спиеш мирно.
Да распостелеш соништа на постела.
Спиј и сонувај во ноќите и за мене,
измиј се во мир додема мислам на тебе.
Не дозволувај утрото да ти носи тага како и на мене.
Не дозволувај во зората копнежите како казна со солзи да ги исплаќаш
Не дозволувај никогаш разумот да ти го победи срцето како моето.
Остави ме мене преку ден да те проколнувам,
а во ноќите да те посакувам.
Не грижи се за мене.
Јас одамна се навикнав да љубам за двајцата
пред солзите да тропнат на врата како гревови за наплата.

Јас и тој…

Јас и тој.
Ветер и магла.
Совршено ништо.
Тој ист како ветерот брз и студен,
а јас како магла , типична
ненадејна и прекрасна. 
Дојде така бргу го посиви моето белило,
поради него јас се изгубив себеси.
Со него осетив како е да не постоиш во себе си.
Осетив како е да не можеш да пронајдеш дом во сопствената кожа
и помеѓу празнините на своите коски..
Благодарение на него станав странец во сопственото тело.
Како секој милиметар од него да ме притиска,
преладно е во него,
како да не е мое повеќе,
како да е туѓо,
како да му припаѓа нему
и со секој здив откривам колку всушност не дишам.
Се изгубив себе си.
Потонав во сивило.
Ме обзеде бунило.
Целосно.
Без траги.
Без глас.
Тивко без глас.

Чаша со вино

Ја креваш ли чашата со вино понекогаш за нас?

Ја нарачуваш ли се уште во кафана нашата песна стара?

Наздравуваш ли понекогаш за љубовта што ја изгубивме и шансите што залудно ги прокоцкавме?

Ги прелистуваш ли во ноќите албумите со наши слики во телефонот?

Се навикна ли на местата од спомени да чувствуваш празнини?

Имаш ли спокој и неостварени сни?

Проголтуваш ли спомени?

Ги еволуцираш ли нашите години низ солзи?

Те печат?

Те болат?

Мене ме болат.

И годините и спомените и душата.

А најмногу ме боли што за мојата почна чаша со вино ти си причината…

Знаеше ли?

Ќе те љубам колку и да е погрешно

Мил мој, сонувај за мене и ако соновите кај мене нема да те донесат.
Знаеш дека судбината има своја приказна!
Можеби овој живот не раздели но јас верувам дека во некој друг живот
вечноста ќе не спои. Доколку некогаш почувствуваш дека ти недостасувам спореди ме со ветрот што со своето дување земјата од проклета ја прави чиста! Спореди ме со сонцето што ги грее и најладните срца. Спореди ме со своите соништа и ако дури и самата знам дека тоа среќен нема да те направи, ако ништо ќе те утеши,
во моментите кога имаш најмногу потреба од утеха. Спореди ме со својот живот, макар и вечноста да стане само бајка! Спореди ме барем по нешто во твојот живот бидам запамтена и трајна! Така секогаш ќе ме имаш,така секогаш ќе ме чувствуваш околу тебе, до тебе, во тебе.
Така секогаш ќе те чувам оддалеку и ќе те љубам најсилно колку и да е погрешно!