Гушни ме оживеј ми ја душата!

,, Гушни ме за крај…
Гушни ме да преболам
гушни ме сега кога сум ти ништо
за да се сетиш тогаш кога ти бев нешто…
Гушни ме за крај
оживеј ми ја душата”…
Тоа беа последните зборови од неа…
Човек кога ќе изгуби некој сфаќа колку му значел.
А сега за мој инат биди среќна.
Кога и да ме видиш сврти ја главата
мене да ме боли,
а не тебе.
Кога ќе го бакнуваш мисли на него,
а не на мене.
Фати го за рака кога и да ме видиш.
Што и да правиш со него мисли на него,
а не на мене.
Кога ќе ме видиш додека си со него,
изглуми дека не ме познаваш.
Јас те повредив…
сега од инат биди најсреќна.
Бакни го пред мене
за да знам дека среќата со тебе
на друг сум ја препуштил,
за да знам дека се сум изгубил.

Недосонуван сон


„Заминувам наскоро.“
Ми шепна како педупредување
за да ти останам далечна,
расплакана и искршена.
Ме остави сама
со солзи на на празна перница.
Со изладено кафе на масата,
со полуизгорена цигара
и нема тишина.
Ме остави сама да се давам
во горчлива прашина
која ќе ме присетува на една избезумена ноќ
и едни тапи чекори
кои талкаа низ улиците
во потрага по уште една скршена душа,
како мојата, распарчена,
изопачена.
А јас ќе затворев очи и си велев :
,,Ќе заборавам,
ќе поминам ноќ ил две во солзи,
ќе преплачам,
ќе преболам”.
Си велев:
,,Ќе заздравам,
срце со солзи ќе излечам
и можеби повторно ќе засакам”.
Ама само лажно се надевав,
ниту се излечив,
ниту те преболив,
ниту те заборавив.
Ми остана НЕДОСОНУВАН СОН,
заборавен,
на полу оставен,
непреболен.
Ми остана сон
кој го сонував со расплаканк очи
и раскрвавени усни.
Ми остана сон кој наутро испарува
заедно со твојот парфем на празна перница.

Убавината на месечината

Месечината е посебено убава вечерва.
Знаеш на што ме потсетува?
Ме потсетува на тоа колку силно те сакав порано,
а сега бескрајно тагувам
Знаеш…
На полноќ понекогаш во паника ги уништувам соновите и имам несоници, чувствувам немир, исткаен од вулканот на копнежот.
Се уште незгаснат.
Се уште чувствувам дека очајно ми требаш како што на земјата и треба дожд или прстите на клавирот, а на музиката и треба глас.
Ми требаш, и чувствувајќи се вака беспомошна, сакам да врескам, но молчам, бидејќи не сум сигурна како безгласно да го направам тоа.
Не ми пречи.
Единствена желба ми е ти да спиеш мирно.
Да распостелеш соништа на постела.
Спиј и сонувај во ноќите и за мене,
измиј се во мир додема мислам на тебе.
Не дозволувај утрото да ти носи тага како и на мене.
Не дозволувај во зората копнежите како казна со солзи да ги исплаќаш
Не дозволувај никогаш разумот да ти го победи срцето како моето.
Остави ме мене преку ден да те проколнувам,
а во ноќите да те посакувам.
Не грижи се за мене.
Јас одамна се навикнав да љубам за двајцата
пред солзите да тропнат на врата како гревови за наплата.

Јас и тој…

Јас и тој.
Ветер и магла.
Совршено ништо.
Тој ист како ветерот брз и студен,
а јас како магла , типична
ненадејна и прекрасна. 
Дојде така бргу го посиви моето белило,
поради него јас се изгубив себеси.
Со него осетив како е да не постоиш во себе си.
Осетив како е да не можеш да пронајдеш дом во сопствената кожа
и помеѓу празнините на своите коски..
Благодарение на него станав странец во сопственото тело.
Како секој милиметар од него да ме притиска,
преладно е во него,
како да не е мое повеќе,
како да е туѓо,
како да му припаѓа нему
и со секој здив откривам колку всушност не дишам.
Се изгубив себе си.
Потонав во сивило.
Ме обзеде бунило.
Целосно.
Без траги.
Без глас.
Тивко без глас.

Чаша со вино

Ја креваш ли чашата со вино понекогаш за нас?

Ја нарачуваш ли се уште во кафана нашата песна стара?

Наздравуваш ли понекогаш за љубовта што ја изгубивме и шансите што залудно ги прокоцкавме?

Ги прелистуваш ли во ноќите албумите со наши слики во телефонот?

Се навикна ли на местата од спомени да чувствуваш празнини?

Имаш ли спокој и неостварени сни?

Проголтуваш ли спомени?

Ги еволуцираш ли нашите години низ солзи?

Те печат?

Те болат?

Мене ме болат.

И годините и спомените и душата.

А најмногу ме боли што за мојата почна чаша со вино ти си причината…

Знаеше ли?

Сеќавања избледени како чад од цигара

Јасно пред очи ми прелетуваат сликите
од една ладна вечер со арома на цигари.
Вечер со помешани мириси.
Од една страна таа вечер мирисаше на него.
Од друга страна мирисаше на неговиот дим од цигарите.
Се сменил.
Ми рекоа дека се сменил.
А јас го прашав поради кого се сменил?
Зеде цигара,
ја запали, го испушти првиот дим низ усните
и ми одговори со тивок глас:
“Поради жената која ме сакаше
после сите мои грешки,
која се бореше за нас,
која ја повредував на секој можен начин,
и ја оставав во ноќите да плаче за мене.
И знаеш без разлика на тоа колку пати ја имав повредено
секогаш нова шанса ми даваше, мислеше ќе се сменам,
мислеше ќе оди на подобро но не…
јас уште повеќе ја повредував,
а таа не престануваше да ми ги простува
сите грешки дури и оние кои не требаше
и секогаш со раширени раце
во прегратка ме дочекуваше.
Ме сакаше,
а јас будала,
ја изморив,
ја уништив,
срцето камен и го сторив.”
Зема дим и го издиши толку силно
како да сакаше сета болка
да замине со тој дим.
“ Две- три солзи ми капнаа од очите.
Јас бев жената која толку многу го сакаше.
Го сакав тој човек повеќе и од себе.
Ме научи да сакам искрено.
Ме научи да се смеам
и покрај се што ми носи денот.
Ме научи да се борам
Ме научи и да грешам.
Тие грешки минатото и спомените ме уништија.
Душата ми ја зацрнија.
Размислив дека е добро да биде со друга.
Заминав.
Го оставив.
Го напуштив, а го сакав.
Но срцето неможеше повеќе таа болка да ја издржи.
Понекогаш љубота не е доволна.
Сега цел живот ќе го сакам оддалеку,
ќе се сеќавам на него секогаш кога ќе видам како гори цигара.
Ја угаси цигарата и си замина.
И останавме кроз димот од цигарата
Тој осамен.
Јас распарчена.