Утра со мирис на спомени

Има утра во кои безброј пати сум се запрашала од каде така ненадејно ме напаѓаат спомените кога најмалку очекувам? Кога најмалку сакам да се сеќавам на твојот лик. Има утра во кои дури и изгрејсонцето ми го вреска твоето име, како секој атом од атмосферата да ме притиска и да ми го плеска во лице твоето отсуство. Има утра кога и потклекнувам на болката и се прашувам оздравев ли некогаш од тебе јас? Во тие утра има една треска што ме тресе при секое сеќавање на тебе, додека го пијам утринското кафе секое утро молници ме полазуваат по телото од помислата дека се уште го љубам човекот кои ги сруши сите мои соништа, ми ги згасна желбите, душата ми ја изгоре, немаше срце па и моето го распарчи, го уништи, а јас му дозволував. Секогаш тој беше мојата слаба точка, како Ахиловата пета тој беше мојата најранлива страна. Секогаш потклекнував на него, наивно, детски, заљубено во секој збор што од неговата усна ќе излезеше верував и свесно си дозволив од бол да ми стане непребол. Сега доцна е за назад, сега секој ќе се бори со својата тежина, сега дојде време секој да потоне во својата темнина.

Парчиња туѓа кожа

Ти велат не си заминувај – одговараш никогаш и сакаш да веруваш во тоа. Сакаш да веруваш во ветувања кои нешто значат, сакаш да го гледаш светот од поинаква перспектива од онаа вообичаената, па гушкаш додека можеш, сакаш посилно од што си верувал дека можеш, се смееш додека играш на дождот и додека трчаш во нечија прегратка.
Со полни гради дишеш, сакаш, градиш спомени чиј рок на траење не го гледаш, се смееш и во денови кога се распаѓаш барајќи ја смислата на постоењето во нечии очи кои истовремено те кршат и ти даваат сила.
И одеднаш се губи смислата на се и животот од сладок сон се претвара во горк кошмар.
Тој заминува без да чуеш и без да имаш шанса да го прегрнеш уште еднаш, си заминува без да му кажеш колку ти значи, без да заплачеш затоа што ни за солзи немаш време. И ништо не ти преостанува освен да учиш да дишеш и да продолжиш да живееш полека, тивко, без зборови во тишина. Почнуваш да се рушиш во сопственото непостоење, бидејќи кога тој заминал однел и дел од тебе со себе.
Ги понел со себе и парчињата туѓа душа.
Зел дел од твојата.
Зел дел со себе што засекогаш ќе недостасува во тебе.
Без тој дел никогаш повторно нема да се имаш себе.
Отворил празнина во тебе што никогаш нема да се пополни.
Ете понекогаш незнам што боли повеќе, да немаш дел од себе
или да имаш дел од некого што во едно време ти бил СЕ?

Животни судбини

Не е повеќе истата после мене. Се променила. Искуствата ја промениле. Верувањата. Ветувањата. Ја преживеала таа промена. Додала бои таму каде што немало. Одеднаш, рацете почнувале да и се треперат. Срцето да чука побрзо. Велат дека чувството на вознемиреност во градите и се зголемило и константно пати од несоница.Скапо ја платила цената на таа промена.Понекогаш за преживување ги блокираш спомените, а понекогаш тие слики на ужас те будат среде ноќ затоа што се си видел, се на своја кожа си доживеал, сведок си на се. И тогаш мозокот блокира. Срцето полудува.Забрзано работи. Премногу грижи и товар во себе носи.Не засакала после мене повеќе.Не може повеќе.Понекогаш се прашувам како успеалеала на прво место да излезе од животната депресија што ли беше нејзината желба за борба да преживее? Тогаш сфаќам дека гадно ја уништив…Незнам дали не сакам или не можам да објаснам зошто ја напуштив. Ја напуштив кога и бев најпотребен. Ја оставив сама во ова мрачно време.Се мразам себе си што ја излажав дека ја мразам. Се мразам себе си што секогаш и додавав сол на раните кои штотуку и зараснале.нЈа пуштив да замине, не и реков ни да остане, не и се ни извинив ниту и ветив дека се што срушив ќе се обидам да се поправи.Сфатив колку вреди откако ја изгубив.Кога би можела тишината да зборува. Полесно ќе ми биде така. Да не морам јас да ги изговарам зборовите. Кога би можела да читаш од погледот. А можеби и можеш. Нели очите никогаш не лажат. Но, треба да посака да ја разбере тишината и да го прочита погледот. А би сакала ли, после се што и направив? Би ми простила ли? Да, точно е. Има многу работи што би сакал да и ти кажам, но зборовите не ми излегуваат од уста.И на хартија не излегуваат. Можам само да кажам: „Дај ми шанса. Сакам шанса. Вистинска шанса. И должам да и кажам подај ми рака, дојди со мене.”‘„сè ќе биде во ред и должам на таа жена да ја фатам за рака и да ја однесам некаде далеку, само кога би ми простила. Признавам, премногу и згрешив, целосно ја уништив, од корен ја променив, камен ладна ја сторив, се поради зборовите неискажани, писмата неиспратени.Некои шанси никогаш не се искористени, некои луѓе остануваат засекогаш разделени можеби сега така ќе биде и со нас!