Ќе те љубам колку и да е погрешно

Мил мој, сонувај за мене и ако соновите кај мене нема да те донесат.
Знаеш дека судбината има своја приказна!
Можеби овој живот не раздели но јас верувам дека во некој друг живот
вечноста ќе не спои. Доколку некогаш почувствуваш дека ти недостасувам спореди ме со ветрот што со своето дување земјата од проклета ја прави чиста! Спореди ме со сонцето што ги грее и најладните срца. Спореди ме со своите соништа и ако дури и самата знам дека тоа среќен нема да те направи, ако ништо ќе те утеши,
во моментите кога имаш најмногу потреба од утеха. Спореди ме со својот живот, макар и вечноста да стане само бајка! Спореди ме барем по нешто во твојот живот бидам запамтена и трајна! Така секогаш ќе ме имаш,така секогаш ќе ме чувствуваш околу тебе, до тебе, во тебе.
Така секогаш ќе те чувам оддалеку и ќе те љубам најсилно колку и да е погрешно!

Разговори пред заминување

Што сакаше да ми шепнеш пред да заминеш што остана засекогаш премолчено?
За што сонуваше додека во зорите со испотени дланки ме прегнуваше?
Зошто додека наутро ме бакнуваше дишењето ти се забрзуваше?
Зошто со мене пронајде мир во сопствените немирни ноќи?
Зошто ме бакнуваше во чело, ако среќен не се чуватвуваше?
Зошто сето ова ако не ме сакаше?
– Ти шепнав тајна љубов која остана премолчена, дланките во ноќите ми се препотуваа бидејќи ја сонував иднината наша, ти го уби ѕверот во мене и ја разбуди мојата нота на љубов која одамна не сум ја почувствувал. Те сакав малечка, дури и премногу, но немав храброст да со збор да ти кажам, а немав ни сила со дела да ти докажам. Но те сакав, најсилно, премногу, те чував како што снегот го чува кокичето во зима и те сакав тебе повеќе и од себе, но немав храброст да ти кажам, затоа ти давам можност да ми судиш, слабак бев, камо среќа на време да престанеше заспаните страсти во мене да ги будиш, можеби така никогаш немаше во слабак како мене да се заљубиш и себе си да се изгубиш обидувајќи се нас да не задржиш. Сега знаеш малечка:
,, Емоциите се нашата најголема слабост,
а љубовта секогаш оди заедно со ранливост”!

Очите ти се меланхолични

Доаѓаш тивко
како во сон,
во закрилата на мојте несоници,
со чекори нежни,
газиш тивко на прсти,
продираш до мене.
Што повеќе се доближуваш
посилно мирисот ти го чувствувам.
Мирисаш на страв.
На нешто неочекувано,
неизбежно.
Мирисаш на војна,
на немир.
Мирисаш на грев со јак парфем.
И колку и да глумиш пред другите
дека си добар,
јас во твоите очи гледам трошки на злоба.
Кога и да погледнам во нив
тонам во нивната темнина,
како да ми зборува
дека нема повеќе надеж за нас двајца.
Горчливоста си ја пуштил
да ти тече низ вени,
а јас ти дозволив и ноќва да ме опиеш
со отров со вкус на старо вино.
Јас си дозволив и ноќва да љубам
усни со вкус на чоколадо од малина.
За крај ти дозволив да ме полудуваш
и убиваш.
И дозволив и на душата да трепери
како што најдобро знае.
Си дозволив и да ја прифатам грешката твоја
како да е моја.
Си дозволив и на себе си да поминам
една ноќ во твојата кошула
си дозволив да мирисам
на чад од цигара.
За крај си дозволив во мртвата тишина
да се скршам како стакло.
А ти ми дозволи да терам инает,
додека тоневме во мирисот на осаменост.
Ми дозволи и да се сопнам,
да паднам
и да потонам
во твоите очи.
Прекрасни,
темни,
и меланхолични.

Соништа

Сонувам,
а будна сум.
Сонувам…
Копнежи
тивки и далечни,
силни, а немоќни.
Копнеж си ми.
Немир што бие вгради
и не минува.
Дојди поблиску…
Не плаши се.
Долижи се.
Допри ме.
Расони ме.
Морници ми лазат по кожа.
Стуткана сум владна постела
разбушавена од сите несовршености,
разнежнета,
мирна.
Наежи ме,
разбуди го светов во мене,
бакни ме,
отруј ме.
Не бегај,
бакни ме,
оти утре ноќва минато ќе биде,
штом месечината се замени со сонцето,
касно ќе биде
само оваа ноќ
нахрани се со мојата душа
напиј се немири од моите усни
земи ги од мене и последните здивови
заболи ме,
опиј ме,
разнежни ме
па исечиме,
Нежно, полека убиј ме.
Потем бакни ме.
Пред да се поздравиш.
Пред да заминеш.
Пред да исчезнеш.
Пред темина во мене да внесеш.
Бакни ме.
Нека биде отровот сладок,
а смртта лесна.